31.03.2020.
Зорица Кочоски од Прилеп е добитничка на 100 000 денари од третото коло на наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда кое се одржа на 4 март.
Зорица скенира фискални сметки од самиот почеток, а учествува во наградната игра од крајот на јануари. Оваа награда од 100 000 денари, за неа е првата награда во животот, па вели дека и е особено драга. Извлекувањето го следела со сопругот, а кога нејзиното име се појавило на малите екрани на среќата и немало крај. Како што ни кажа Зорица, добивката од 100 000 денари ќе послужи одлично за мало пролетно реновирање во домот.