Награда од 100 000 денари за Дејан од Скопје

07.04.2020.

Дејан Ѓошев е добитник на 100.000 денари од 4-то коло на наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда, кое се одржа на 4 април. Тој за наградната игра вели дека бил возбуден уште кога ја најавиле и дека со нетрпение чекал да почне да скенира фискални сметки. Во оваа активност е вклучено целото семејство и за нив претставува забава и предизвик. Јануари и февруари телефонот му бил расипан и бил спречен да скенира, но веднаш откако го поправил собрал толку многу сметки што веднаш почнал со скенирање. Оваа упорност му се исплатила и им донела голема среќа. Добитната фискална сметка е од локална месара при секојдневно пазарење. Средствата од оваа награда ќе ги искористат за реновирање на домот, но и на својот син Виктор кој оваа година е матурант ќе му подарат нов мобилен телефон. Верува во среќата и ќе продолжи да скенира.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: