Дијамантски прстен вреден 300 000 денари ќе се инвестира во нов стан

20.05.2020.

Прстен вреден 300 000 денари изгреба Суза Мицевска од скопската населба Илинден. Инстант лозот Дијамант, на нашата најнова добитничка и донесе една од своите премии токму кога таа и семејството планираат купување нов стан. Интересно е што во моментот кога го изгребала добитниот лоз, Суза не ги забележала сите нули во сумата, помислила дека добила 300 денари и побарала исплата на 300 денари. Но љубезната продавачка, кога го видела лозот, радосно и соопштила дека добивката на лозот Дијамант не е 300, туку 300 000 денари. Суза е посебно благодарна за чесниот однос и упаќа пофалби за Државна лотарија и продажното место Табакера на автобуската постојка кај Зелено пазарче во Скопје.
Инаку нашата добитничка е вработена во ЈСП, работи на билетарница и токму во овој период била на замена на билетарницата покрај среќното продажно место. По завршување на смена таа решила со последните пари во новчаникот да купи еден лоз Аладинова ламба и еден лоз Дијамант. Суза е редовен играч на инстант лотарија и Лото 7 на Државна лотарија, ова и е прва поголема добивка. Иако сè уште не ù се верува за постигнатата добивка, таа ги охрабрува сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија да не пропуштаат шанси и почесто да ја проверуваат наклонетоста на среќата.

Инстант лозот Дијамант нуди бројни парични добивки до 300 000 денари, но богатата лепеза на инстант лозови на Државна лотарија има широк избор на видови добивки меѓу кои атрактивни возила и парични суми до 1 000 000 денари. Најатрактивната понуда во моментот е кампањата со понуда на пакет од 6 лоза „Еко скутер“ по цена од 5. Кампањата „5+1“ е со цел оваа пролет и ова лето да се радуваме на што повеќе добитници на еко скутери коишто ќе уживаат во вожењето на отворено и ќе придонесуваат за почиста животна средина.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: