04.09.2020.
Државна лотарија продолжува да ниже среќни приказни кои ги раскажуваат нашите најсреќни добитници.
Една од нив е и Ана Јањиќ од Скопје со која што се запознавме и и ги предадовме клучевите од прекрасниот MINI ONE. Ана, пресреќна, ни ја раскажа својата среќна приказна пред салонот за автомобили М - Кар каде што Марјана и ги предаде клучевите од автомобилот.
Нашата добитничка Ана, на 20 август, за роденден добила на подарок Среќа Плус коверти со различни видови лозови. Добитните постепено ги заменувале во Рамстор, при вечерни прошетки а фаворит им бил лозот Мини и Макси, заради атрактивните возила. Џипот бил омилен на сопругот, а Мини Морисот на Ана. Пред две години се земале и на свадбата добиле подарок инстант лозови во среќа плус коверти, но имале само парични добивки. По свадбата, избирале да си купат атомобил, Ана сакала Мини Морис, но се одлучиле за поголемо семејно возило. Остварувањето на желбата за Мини Морис се одложило две години и го дочекало нејзиниот 30 роденден.
За роденденот повторно добила на подарок 30 инстант лозови од кои добила 3.000 денари на инстант лозот Еко Скутер и неколку помали добивки. Повторно ги заменила во продажното место на Државна лотарија во Рамстор Мол. Еден од заменетите лозови Мини и Макси и ги открил трите симболи MINI ONE.
Заедно со сопругот се пресреќни за добивката и новиот автомобил на Ана.
За потсетување, нашите играчи ги очекуваат уште автомобили од инстант лозот Мини и Макси, а ние со нетрпение ги очекуваме да ги раскажеме Вашите среќни приказни.