Извлечени 15-те добитници од 8-коло месечни награди преку MojДДВ#МојаНаграда

05.10.2020.

5 октомври  2020 година, Скопје – Извлечени се 15-те најсреќни добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, на јавно извлекување кое се одржа вчера на Канал5.

Во останатите кола на #МојаНаграда до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората главна премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари.

Инаку граѓаните, преку МојДДВ #МојаНаграда, од први јули, скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано, односно до крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари. Доделувањето на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист - ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда. 

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: