13.11.2020.
Државна лотарија продолжува да ниже среќни приказни кои ги раскажуваат нашите најсреќни добитници.
Едeн од нив е и Денис Игѓи од Скопје со кој што се запознавме и му ги предадовме клучевите од прекрасниот BMW X1. Денис, пресреќен, ни ја раскажа својата среќна приказна пред салонот за автомобили М - Кар каде што Марјана му ги предаде клучевите од автомобилот.
Нашиот добитник Денис, е голем обожавател на брендот автомобили BMW, а љубовта кон овој тип автомобили ја наследил од неговиот татко кој возел ваков тип автомобил многу одамна. Како пасиониран играч на инстант лотарија Денис секој ден купувал по 20-30 инстанти МИНИ И МАКСИ од различни продажни места, а целта била автомобилот BMW Х1. Среќата му се насмевнала во продажното место ИЛИЈАНА во скопско Ченто, од каде купил 30 инстант лоза МИНИ и МАКСИ. Инстантите ги гребел дома во кругот на семејството, а во моментот кога изгребал 3 исти симболи BMW X1 на среќата и немало крај.
За потсетување, нашите играчи ги очекуваат уште автомобили од инстант лозот Мини и Макси, а ние со нетрпение ги очекуваме да ги раскажеме Вашите среќни приказни.
Државна лотарија