14.09.2020.
Марина Бојковска од Битола е уште една од добитниците на 20 000 денари од 7то коло МојДДВ#МојаНаграда. Откако пријател и ја соопштил веста, дека таа е една од добитниците, се уште не можела да поверува , па трпеливо го чекала и официјалниот извештај објавен на loto.mk. Сметката која и ја донела оваа награда е во износ од 240 ден. од локален маркет. За добиената награда се уште не знае каде ќе ја вложи, но сигурна е дека ќе си купи нешто за спомен од наградната игра.