САМОЕВАЛУАЦИЈА ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНО УЧЕСТВО ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ
Доколку сметате дека неодговорно пристапувате кон учеството во игрите на среќа и забавните игри или пак сте загрижени дека игрите на среќа и забавните игри негативно влијаат на нечиј друг живот, поставете си ги следните 20 прашања:
- Дали некогаш сте изостанале од работа, факултет или сте ги запоставиле своите обврски поради играње игри на среќа и забавни игри?
- Дали играњето игри на среќа и забавни игри влијаело на Вашиот семеен живот?
- Дали играњето игри на среќа и забавни игри лошо влијаело на Вашиот углед?
- Дали некогаш сте почувствувале грижа на совест по играње игри на среќа и забавни игри?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа и забавни игри за да ги отплатите долговите или да ги решите финансиските тешкотии?
- Дали играњето игри на среќа и забавни игри влијаело на Вашите амбиции или ефикасност?
- Дали по загубата сте почувствувале дека мора да го вратите изгубениот износ?
- Дали по добивката, имате силна потреба уште да освојувате?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа и забавни игри се додека не сте го потрошиле и последниот денар?
- Дали некогаш сте позајмиле пари за игри на среќа и забавни игри?
- Дали некогаш сте продале нешто за да имате пари за играње игри на среќа и забавни игри?
- Дали парите од добивката или оние наменети за игри на среќа и забавни игри со тешко срце ги користите за вообичаените животни трошоци?
- Дали станавте невнимателни поради игрите на среќа и забавни игри па ја запоставивте својата или благосостојбата на Вашето семејство?
- Дали некогаш сте играле игри на среќа и забавни игри подолго од планираното?
- Дали игрите на среќа и забавните игри ви преставуваат обид за бегство од грижи, тешкотии, досада или осаменост?
- Дали некогаш сте размислувале или сте направиле некоја противзаконска работа за да присоберете пари за игрите на среќа и забавните игри?
- Дали некогаш игрите на среќа и забавните игри Ви предизвикале тешкотии со спиење или несоница?
- Дали играњето на игри на среќа и забавни игри предизвикуваат караници, разочарувања или фрустрации кај Вас?
- Дали по некој среќен настан имате ли желба да се почестите со неколку часа играње на игри на среќа и забавни игри?
- Дали сте помислиле на самоубиство поради проблемите кои ги предизвикало Вашето играње игри на среќа и забавни игри?
Соберете ги одговорите со ДА.
Колку повеќе потврдни одговори имате, толку е поверојатно дека имате сериозен проблем со играњето на игри на среќа.
Укажуваме дека:
Игрите на среќа и забавните игри се наменети само за забава.
Свесноста за границите и препознавањето на знаците дека учеството во игрите на среќа и забавните игри може да прерасне во проблем или зависност е критично. Одлучувањето да се побара помош веднаш кога се препознаат овие знаци може значително да помогне во третирањето на проблемот пред истиот да прерасне во нешто посериозно.
Претпазливоста и отвореноста за признавање дека можеби постои проблем се сметаат за мудри и корисни чекори. Потрагата за помош може да биде прв чекор кон враќање на контрола и забрзување на патот кон опоравување.