Под среќна ѕвезда

Images/LotoHelp/Loto-7-Logo-FINAL-Crna-7-ca.png

Играта Лото 7 е бројчана игра на среќа во која се извлекуваат 7 од 37 броеви. Државна лотарија,  започна да ја приредува оваа игра на среќа во чест на влезот во 10тата година од приредување игри на среќа, по 9 години приредување на играта НовоЛото 7/34.

Како датум на извлекување на првото коло од играта на среќа Лото 7 ќе биде запамтен 24ти април, 2019

Под среќна ѕвезда - е слоганот на играта Лото 7,

 

Со играта Лото 7 се внесоа промени и освежувања во прилог на:

- Поголеми ДОБИВКИ

- Поинтересна ИГРА

- Повеќе ЗАБАВА

 

Категории добивки

 

  Лото 7 има четири категории добивки: 

1 - Премија – 7погодоци, или 7ка за седум погододени броеви;

2ра категорија - 6ка, за шест погодоци;

3та категорија - 5ка, за пет погодоци;

4та категорија - 4ка, за четири погодоци

Црвено топче Покрај топчињата со бројчиња, во миксерот има и едно топче без број, во црвена боја, кое доколку биде извлечено, се удвојат сумите на сите категории добивки, освен 7ката. Цвеното топче внесува поголема возбуда, а неговото извлекување значи дека се удвојуваат сумите за категориите добивки 4ка, 5ка и 6ка.

 

Учество во играта Лото 7

Учеството во лото се остварува со уплата на влог на уплатно место на Приредувачот или со ONLINE уплата преку веб страната www.loto.mk .

Може да избереш учество:

-         во поединечна игра;

-         со полн систем;

-         со скратен систем;

 

Учество со уплата на уплатно - исплатно место

Уплата за учество во играта Лото7 и Џокер се прима преку терминали на уплатни места на Приредувачот, на некој од следните начини:
- со вчитување на помошно ливче со пополнет избор на броеви по комбинација, или пак вчитување на помошно ливче со обележан
Quick Pick под комбинациите за игра, за компјутерски избор на броеви;
- со усмено (вербално) барање на учесникот во играта - со диктирање на броевите за игра или усно барање за
Quick Pick - компјутерски избор на броеви;
- со скенирање на бар кодот од предходно уплатена потврда, доколку сакаш да ги одиграш истите броеви, комбинации и истиот број на кола наведени на претходната потврда за уплата. 

Учество преку www.loto.mk

ONLINE е најновата можност за учество во твојата омилена игра, од било кое место, во било кое време на денот. Може да се вклучиш во играта со три лесни чекори:

1.     Регистрирај се и избери своја среќна лозинка

2.     Најави се

3.     Вклучи се во игра

 

 

  За играта Џокер

 

Images/LotoHelp/JOKER_logo_FINAL_ZELENO.jpg

Џокерот е шестоцифрен број кој се генерира по компјутерски пат. Во играта Џокер, може да се учествува со уплата на било кое уплатно-исплатно  место на Државна лотарија ширум земјата или ONLINE преку веб страната www.loto.mk , Во играта Џокер, може да се учествува без претходно учество во играта Лото7. На едно помошно ливче може да се уплатат и до 50 џокер броеви.

Категории добивки

Играта на среќа ЏОКЕР има шест категори добивки:

Првата категорија добивки за Џокер со шест погодоци е резервирана за премијата;

Од втората до 5тата категорија се за совпаднати два, три, четири или пет последователни броеви гледано од десно кон лево, или од лево кон десно, кои носат различни добивки во зависност од големината на фондот и бројот на добивки во таа категорија;

Шестата категорија добивки е за Џокер со еден совпаднат број и тоа може да биде првиот или последниот во низата од шест броеви. Добивката за оваа категорија е фиксна;

 

 

Помошно ливче - опис - о

Помошното ливче во печатена форма се добива бесплатно на уплатно-исплатните места на Државна лотарија. Тоа е помошно средство за уплата и не може да послужи како веродостоен доказ при подигање на можна добивка.

Поле за Лото игра - Во полето за игра на помошното ливче се наоѓаат десет групни полиња со впишани броеви од 1 до 37, за играње Лото7.  Што е истоветно и на страната за ONLINE игра, доколку се избира учество во п оединечна игра.

Џокер дел - Во крајниот лев дел, пред првата колона се девет вертикално подредени квадратчиња квадратчињата со броевите  1, 2, 3, 4, 5, 10, 20, 30 и 50, кои се однесуваат на играта Џокер. Со означување на едно од овие полиња, се означува колку Џокер броеви сакаме да уплатиме на едно помошно ливче.

 

Images/LotoHelp/Livce_LOTO7.jpg


Претплата - Во десниот дел на помошното ливче се наоѓаат девет квадратчиња кои се означени со броевите 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10. Со нивно прецртување се означува игра за повеќе кола однапред (претплата) односно учество за играта лото и учество во дополнителната игра Џокер.

 

Испис – Поништи – Кога сме погрешиле, или кога ќе одлучиме да не ја одиграме комбинацијата внесена во тој дел од полето за игра. Ако се означи “поништи”, одиграната комбинација (комбинации) на тоа групно поле не учествува во игра.

Испис - Quick Pick – Кога сакаме компјутерот да ги избере нашите броеви. Ако не можеме да се одлучиме, сакаме да си ја пробаме среќата, или брзаме и немаме време за пополнување ливче, тогаш компјутерот може да ни ги даде среќните броеви за тоа коло. 

Табела за скратени системи - Мал број лотарии имаат можност на едно ливче да се одигра поединечна комбинација и скратен систем. Државна лотарија ги поедностави работите за своите играчи. Во долниот дел на печатеното помошно ливче, наведена е табела на 24 (дваесетичетири) скратени системи. 

Табела за полни системи - На задната страна на помошното ливче е содржана табела за полни системи лото, како се пополнува и игра скратен систем лото определени од Приредувачот, како и скратен извод од Правилата.



Images/LotoHelp/loto7_pozadina.jpg

 

Поединечна игра

Поединечна игра / комбинација е ако во едно групно поле, од десетте на помошното ливче со броеви од 1 до 37, се означат 7 броеви. Секое пополнето групно поле претставува една комбинација. На едно помошно ливче може да се одиграат до десет поединечни комбинации.

 

Полни Системи

Полн систем е ако во едно групно поле се означат повеќе од 7 избрани броеви. Во едно групно поле може да се означат од 8 до 17 броеви, во зависност од одиграната комбинација од полниот систем. Одбирајќи игра со полн систем се избираат сите можни комбинации од седум броеви што можат да се дефинираат со броевите кои се одбрани и одиграни.

Табела на полни системи:

 Броеви

 8

 9

10 

 11

 12

 13

 14

15 

 16

 17

 Комбинации

 8

36

120

330

792

1716

3432

6435

11440

19448

 

Скратени Системи

Ако во полето за скратени системи се означи бројот на еден од понудените 24 скратени системи, а во групното поле се означат онолку броеви колку што се прикажани во табелата од одбраниот скратен систем. Со означување на бројот на скратениот систем се одредува бројот на одиграни броеви, како и бројот на одиграни комбинации за одреден скратен систем.(Пример: ако е одбран и обележан со знак х редниот број на  систем 1 од табелата за скратени системи и во групното поле се означат со знак х, 13 броеви, тоа значи дека е одигран скратен систем  од 4 комбинации). Скратените системи ги немаат сите можни комбинации од одбраните и одиграни броеви кои учествуваат во играта, туку играат односно учествуваат само оние комбинации кои се дадени односно предефинирани во самиот скратен систем кој е одигран. Пред почеток на приредување на играта Приредувачот со Одлука за објавување јавно ќе ги објави табелите на сите 24 скратени системи како и максималните и минималните добивки за секој систем поединечно. Во табелите дефинирани се комбинациите за секој систем поединечно. Бројот и видот на добивките се одредува исклучиво врз основа на табелата на скратените системи, кои комбинации се однапред предефинирани. Добитна комбинација лото во одигран скратен систем е онаа комбинација која ја има во објавените 24 скратени системи. Означените и одиграни броеви во комбинација од скратениот систем се впишуваат по аритметички редослед.(Пример:ако е одигран скратен сиситем со 10 (десет) броеви (БР.на СИСТЕМ 17), со вкупно 17 одиграни комбинации, а одбрани и изиграни се следните броеви 3,5,9,10,17,22,25,28,31 и 37, тоа значи дека во одиграната прва комбинација во системот како прв (1) број означен е првиот најмал број што е одигран, а тоа е (бројот 3), како втор (2) број означен е следниот по ред број кој е одигран, а во примерот тоа е бројот 5. Како трет (3) број означен е третиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 9. Како четврти (4) број означен е четвртиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 10. Како петти (5) бројот означен е петтиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 17. Како шести (6) број означен е шестиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 22 и како седми (7) број означен е седмиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 25. Тоа е првата од 17-те испишани и одиграни комбинации во системот и тоа 3,5,9,10,17,22 и 25.  

Скратените системи се поделени во три групи и тоа:

Системи кои гарантираат добивка со 4 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 1 до 9) и тоа:  

Бр. на систем

1

2

3

4

5

6

7

8

9

Броеви

13

14

15

16

17

18

19

20

21

Комбинации

 4

6

9

11

15

18

25

34

40

Системи кои гарантираат добивка со 5 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 10 до 16) и тоа:

Бр. на систем

10

11

12

13

14

15

16

Броеви

13

14

15

16

17

18

19

Комбинации

50

78

108

153

211

285

382

 

Системи кои гарантираат добивка со 6 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 17 до 24) и тоа:
 

Бр. на систем

17

18

19

20

21

22

23

24

Броеви

10

11

12

13

14

15

16

17

Комбинации

17

22

49

91

100

296

509

803


Quick Pick - Поединечни и системски комбинации на броеви во лото можат да се одиграат и со Quick Pick - с лучаен избор на броеви кој на барање на учесникот го одредува компјутерскиот програм.   
Ако се означи
Quick Pick на помошното ливче, компјутерот по случаен избор од 1 до 37 броеви, ќе избере комбинација од 7 броеви. 


Ако се означи
Quick Pick и се означи еден број од 8 до 17 во групното поле, компјутерот по случаен избор од 1 до 37 броја, ќе ги избере броевите од означениот полн систем.
Доколку се означи бројот на еден од понудените 24 скратени системи и се означи
Quick Pick  на помошното ливче, системот по случаен избор ќе ги одреди броевите од означениот скратен систем.



На едно помошно ливче

-         МОЖЕ да се комбинира поединечна игра и игра со полн систем.

-         НЕ МОЖЕ може да се комбинира скратен систем  со поединечна игра  и игра со полн систем.

 

 

Потврда за уплата

Доказ за учествување во лото и џокер е исклучиво издадената потврда за уплата лото или џокер. Потврдата за уплата учествува во тоа коло, за кое нејзиниот компјутерски запис е запишан на  електронскиот запис на централниот систем.

 

7. Извлекување и резултати на играта

ИЗВЛЕКУВАЊЕТО е јавно, во директен ТВ пренос.

РЕЗУЛТАТОТ ОД ИЗВЛЕКУВАЊЕТО - извлечените броеви и неофицијалниот извештај се објавуваат  веднаш по извлекувањето на броевите лото и џокер бројот. Резултатите може да се добијат на сите продажни места на Државната лотарија на Македонија и на оваа интернет страница.

 

Добивки и нивна исплата

Добивките до 5.000 денари се исплаќаат во продажните места, а над тој износ во Државната лотарија на Македонија, (зграда на МРТВ, 18. кат), контакт телефон (02) 323-7777.   

Со учество во игрите на среќа учествуваш во поддршка на општеството

Секоја уплата има двоен карактер: се ужива во играта, во можноста да се добие, а истовремено со тоа се прави добро за другите. Средствата кои Државната лотарија ги остварува од приредувањето на игрите се уплатуваат во републичкиот буџет од каде се распределуваат во општествено корисни цели.

 

???????????? ????? ??????? ?? ???????? ?????????? ???? ??? ?? ? ?????????.

?? ?????? ?? ?? ??????????? ???????? ??????? ?? ???????? ??????????: