УПЛАТА НА ДЕПОЗИТИ
Минималниот износ кој учесникот на игрите на среќа може да го уплати како депозит на сметката на неговиот кориснички профил за учество во игрите на среќа ЛОТО 7/37 и ЏОКЕР изнесува 300 ден.
|
Стапка на провизија |
Основица за пресметка |
Начин на наплата на провизијата |
Платежни картички поддржани за уплата |
1,89% |
Износ на депозитот |
Трошокот за провизија е на терет на Државна лотарија |
Пример:
Платежни картички поддржани за уплата: Учесникот во игрите на среќа сака да уплати 1000 денари депозит од една од неговите платежни картички поддржани за уплата на неговата сметка за игри на среќа. На веб страната за уплата на депозит го избира износот од 1000 ден, и истиот го уплаќа. Вкупниот износ кој учесникот во игрите на среќа го има на неговата сметка е 1000 денари. Трошокот за провизија е во целост на терет на Државна лотарија и истата го плаќа за секој учесник во игрите на среќа.
ДАНОК НА ДОБИВКИ ОД ИГРИ НА СРЕЌА (од 1.1.2019 година)
Персоналниот данок на доход (ПДД) автоматски се одбива од износот на вашите остварени добивки во согласност со законската регулатива на Р.С.М.
Средствата кои ги имате на сметката на корисничкиот профил за игра се вашите оданочени нето добивки или депозити.
Вашите обврски по основ на ПДД се аконтативно платени од страна на Државна лотарија и немате обврска за дополнителни плаќања на ПДД кон Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија. За добивки од игри на среќа немате обврска за поднесување на даночна пријава.
Почнувајќи од 2019 година, Управата за јавни приходи ќе им издава пополнета Годишна даночна пријава на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, за приходите кои ќе ги остварат во изминатата фискална година. Граѓанинот ќе има обврска само да ја потврди или корегира пријавата.
|
Стапка на ПДД |
Основица за пресметка |
Кога се пресметува |
ЛОТО 7/37 или ЏОКЕР |
15% |
Поединечна бруто добивка на тикетот која го надминува износот од 5.000 ден. |
Откако ќе се потврди добивката |
Пример:
ЛОТО 7/37 или Џокер: Учесникот во игрите на среќа остварува поединечна добивка на тикет од 6000 денари. Бидејќи износот е поголем од 5000 ден, на основицата од 6000 ден се пресметува ПДД од 15% (6000 * 15%), односно 900 ден. Нето износот од 5100 ден се исплатува на сметката на корисничкиот профил на учесникот во игрите на среќа.
УСЛОВИ НА ИГРА
Условите на игра се потесно уредени од страна на Државна лотарија согласно правилата за игра на среќа ЛОТО 7/37 и дополнителната игра ЏОКЕР потврдени од страна на Министерство за финансии на Република Северна Македонија.
Сите корисници на веб страната на Државна лотарија можат да вршат уплата на влогови од игрите на среќа ЛОТО 7/37 и дополнителната игра ЏОКЕР.
За секоја уплата ќе биде издадена потврда за уплата врз основа на
Учесникот во игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија добивката ја утврдува согласно извештајот од спроведеното коло на играта на среќа ЛОТО 7/37 и дополнителната игра ЏОКЕР.
која играчот ја докажува својата уплата и истата треба да ја чува до завршувањето на колото односно објавувањето на извештајот од спроведеното коло на ЛОТО 7/37 и дополнителната игра ЏОКЕР.Утврдување на добивки и исплата на средства
Врз основа на утврдената добивка на учесникот во игрите на среќа му се префрлаат средствата остварени од добивката намалени согласно пресметаниот ПДД од +15% предвиден согласно законските и подзаконските прописи на Република Северна Македонија.
Средствата остварени од добивката намалени согласно пресметаниот ПДД од +15% предвидени согласно законските и подзаконските прописи на Република Северна Македонија на учесникот во игрите на среќа можат да му се префрлат на неговата сметка на кориснички профил или на неговата трансакциска сметка.
Минималниот износ на средства кои можат да се исплатат од сметката на корисничкиот профил на учесникот во игрите на среќа кон неговата трансакциска сметка изнесува 20 денари, додека добивките од игрите на среќа од I (прва) категорија односно Џокер со 6 броеви и извлечени 7 ЛОТО 7/37 броеви од играта на среќа ЛОТО 7/37 се исплаќаат во просториите на Државна лотарија.
Начинот и рокот на исплата на добивките од игрите на среќа од сите категории се детално утврдени согласно правилата за приредување на играта на среќа ЛОТО 7/37 и дополнителната игра Џокер потврдени од Министерството за финансии на Република Северна Македонија како и законските и подзаконските акти на Република Северна Македонија.