Од денес е во продажба инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“

01.10.2020.

Најдомаќинскиот инстант лоз на Државна лотарија нуди 5 стана од вкупно 500 000 добивки

1.10.2020 год. Скопје - Од денес e во продажба инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ - првиот лоз на Државна лотарија што нуди 5 (пет) стана во Скопје и бројни парични добивки.Вкупниот број на добивки е 500 000 а вкупниот фонд е над 100 милиона денари. Покрај 5-те стана, лозот нуди 495 000 парични добивки меѓу кои 15 добивки по 100 000 денари, 30 добивки по 50 000 денари и други добивки од 5 000 до 100 денари.

Инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ по цена од 100 денари нуди можност за освојување на еден од 5-те стана од коишто два се со големина од 32,25 м2, еден од 41,75м2 со подрум, еден од 59м2 со гаража од 21м2 и најголемиот е 83,50м2 со гаража од 21м2. Становите се во општина Аеродром во нов станбен објект во една од најубавите згради во близина на „Здравствен дом Јане Сандански“, на улица „Методија Шаторов - Шарло“ бр 5А.

Лозот е со атрактивен изглед и забавна игра што те внесува во потрага по еден од 3-те добитни броеви меѓу 15 (твои) броеви во групното поле за игра.Пет од играчите коишто во едно од 15-те полиња ќе изгребат добитен број што ги води кон стан, ќе добијат комплетна документација и ќе може да се вселат во својот нов дом добиен за само 100 денари.

Инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ е идеален и за подарок. Со дарување на три лоза во Среќа плус коверт, можете некому да подарите стан.

Стан за 100 денари - да и тоа е можно, со Државна лотарија.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: