15.12.2023.
Тимот на Државна лотарија заедно со Марјана го посетија градот на јаболката- Ресен каде што се сретнаа со новиот добитник на Hyundai Tucson - Ристо Георгиески и неговото семејство.
Марјана ги предаде клучевите од прекрасниот автомобил пред продажното место „СИМ Комерц“ од каде што е купен добитниот инстант лоз 7х7, а Ристо за возврат ни ја раскажа среќната приказна.
Имено, Ристо купил само еден инстант лоз во кој се криела помала добивка, а ја заменил за нов лоз 7х7.
Неколку дена подоцна, на 13ти ноември, иако Ристо верувал дека бројот 13 за него е баксузен, среќата го разубеди во спротивното, стана сопственик на Hyundai Tucson.
Прв на кој се јавил за среќната вест е неговиот зет, кој вели дека очекувал Ристо да стане добитник на некоја од главните премии со оглед на тоа дека е љубител на игрите на среќа на Државна лотарија и постојано ја предизвикувал среќата.
„Токму континуитетот во потрага по среќата е и тајната на успехот “ - ги посоветува упорниот добитник сите трагачи по среќата.