Државна лотарија отвори нова благајна за исплата на добивки од игрите на среќа

07.04.2020.

Скопје, 7 април, 2020 година. Државна лотарија најавува дека во Скопје, започна со работа нова благајна за исплата на добивки од игрите на среќа, Благајната се наоѓа во непосредна близина на Порта Буњаковец, на адреса бул. „Партизански одреди“, број  23. Работното време на благајната за исплата на добивки од игрите на среќа на Државна лотарија, е од 10 - 14:00 часот секој работен ден.

Државна лотарија, во овие услови, вложи вонредни напори за отворање нова благајна во центарот на Скопје, со цел растоварување на благајната во зградата на МРТ.

Добитниците ги молиме со себе да ја имаат потребната документација и да се придржуваат на правилата за заштита на своето здравје и здравјето на другите. 

За потребни информации побарајте го нашиот контакт центар на броевиет: 02 323 7777 и на 076 313 052 (вибер број). 

Следете не на социјалните медиуми и на www.loto.mk

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: