Во 37мо коло на Лото 7 беше извлечено црвеното топче кое има задача да ги дуплира добивките, а овојпат ни донесе 89 добитници со добивка од категоријата 5-ка во вредност од 12 003 денари.

15.05.2023.

Со дел од нив се запознавме во нашите простории каде им беше потврдена и исплатена добивката, а се согласија и накратко да ја раскажат својата Лото приказна.

Ви претставуваме мал дел од нив, а ги очекуваме да пристигнат и останатите среќни добитници,

Сара Мишкова од Кочани и нејзината мајка ни се пофалија дека од игрите на среќа на Државна лотарија играат „се што постои“. Имаат уплатено 10 ливчиња со по неколку комбинации од броеви избрани по случаен избор. Претходно, Сара има остварено три 6-ки, а во иднина се надеваат дека ќе не посетат повторно за големата 7-ка.

Стојадин Кочевски од населба Драчево секое коло уплаќа по 5 комбинации и Џокер број. Добитното Лото ливче е уплатено во среќното продажно место „Толлакс“ во Скопје.

Зимри Куќи од село Никиштане со години уплаќа комбинации од родендени на неговите најблиски. Покрај Лото 7, среќата ја предизвикува и со инстант лотаријата, а омилен инстант лоз му е Мaкси Златна рипка.

Даниела Солтинова - Кочиева од Скопје уплаќа по 3 Лото комбинации и Џокер број, а не пропушта и по некој инстант лоз од нејзинито омилено Скриено богатство. Оваа добивка од 5 погодоци за неа е прва поголема, но се надева дека нема да биде и последна. Добитната Лото комбинација е уплатена во продажното место на Државна лотарија во Капитол мол.

Нада Шеќерова од Скопје, секоја среда и сабота уплаќа по две лото комбинации и еден Џокер број. Комбинациите се составени од броеви по случаен избор, а интересно е тоа што добитната комбинација ја уплатила во „ 5 до 12“ пред почетокот на извлекувањето.

Томислав Сарафимовски од о. Сопиште е наш редовен играч. Секогаш уплаќа по 6 комбинации од исти броеви, избрани по случаен избор. Претходно, има остварено неколку 5-ки. Добитното лото ливче е уплатено во продажното место „Авона“.

Сите среќни добитниците од игрите на среќа на Државна лотарија се дел од едно големо семејство кое постојано се зголемува, а упорноста и вербата во среќата се одлики на секој еден од нив.

Очекуваниот фонд за 7-ка за следното, 39-то коло изнесува НАД 20 300 000 денари.

Честитки!

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: