Кичевчанец улови Златна рипка вредна милион денари

17.10.2019.

Александар Коруноски од Кичево е среќниот добитник на главната добивка од 1 000 000 денари од инстантот Златна рипка.

Пресреќното семејство денес ги посети нашите простории каде што им ја потврдивме и исплативме добивката, а тие ни ја раскажаа својата среќна приказна. Имено, Александар и неговата сопруга Билјана водени по својата интуиција за прв пат купиле 20 грепки Златна рипка од среќното продажно место “Давстом” - Кичево. Токму вториот лоз ги одведе до главната добивка од неверојатни 1 000 000 денари. Среќните добитници се пофалија дека дел од добивката ќе ја потрошат за нивното синче Лукијан на кој му ветиле најмногу подароци и дека тука нема да застанат со играње на нашите игри на среќа, а следна цел ќе им биде некој од прекрасните автомобили од најновиот инстант лоз Мини и Макси.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: