Прстен вреден 300 000 денари

30.10.2019.

Пензионер од такси компанијата „Старо Водно“ е добитник на 300 000 денари од инстантот Дијамант.

Среќниот добитник кој го пронајде прстенот вреден 300 000 денари на инстантот Дијамант за себе ни кажа дека игра игри на среќа 60 години, а претходно имал добивки од различни лотариски игри. Омилени инстанти му се Златна рипка од која пред неколку месеци остварил добивка од 5 000 денари, Сеф, а сега и Дијамант.

Добитниот лоз е купен од среќното продажно место на Државна лотарија во Трговскиот центар Рамстор во Скопје.

Пензионерот го купил инстант лозот пред 2 дена, а го изгребал вчера не очекувајќи ја главната добивка од 300 000 денари на која вистински се израдувал.

Дијамант нуди најголема добивка од 300.000 денари која е предвидена за пет играчи, а за другите играчи овој инстант лоз нуди 10 добивки од 100.000 денари, 10 добивки од 50.000 денари, 30 добивки од 15.000 денари се до 130.000 добивки од по 50 денари.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: