Скратен систем донесе повеќе добивки во Делчево

21.11.2019.

Играта СКРАТЕНИ СИСТЕМИ во ЛОТО 7 се повеќе носи среќни добитници на Благајната на Државна Лотарија. 

Па така, денес не посети и Гроздан Симоноски од Делчево , кој во 56 коло на ЛОТО 7 го уплатил својот омилен скратен систем бр.19 составен од 12 броеви и 49 комбинации. 

Ни раскажа дека секое коло го игра овој систем, но со различни 12 броеви. 

56 коло му се посреќило и токму системот број 19 му донел повеќе добивки од кој една 6ка, четири добивки со 5 погодоци  и дваесет добивки со  4 погодоци.

За него ова е втора добивка на 6ка, а претходната ја имал во МАЈ 2019 година. 

Се надева дека следниот пат ќе има уште поголема среќа, и конечно ќе го погоди и седмиот број. 

Верува во среќата и затоа постојано игра и ЛОТО 7 но гребе и по некој инстант лоз. 

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: