Мартин од Скопје со наградата ќе си оствари дамнешна желба - да отпатува на Кипар

13.01.2020.

Младиот Мартин Алексовски од Скопје се приклучил на наградната игра Мој ДДВ - Моја награда, уште од самиот почеток,скенирајќи фискални сметки од секојдневните пазарувања.

Фискалната сметка во вредност од  213,00  денари ја скенирал на големиот празник Св. Никола кој воедно го празнуваат како семејна слава.

Вечерта,  на 4ти јануари, не бил во можност да го следи тв извлекувањето, па среќната вест ја дознал од своите другари, кои му се јавиле непосредно по тв извлекувањето.

Информацијата за наградата, воедно била и прашање, бидејќи другарите не биле сигурни дека има само еден Мартин Алексовски од Скопје кој учествувал во наградната игра. Корисничкиот број и пораката која Мартин ја добил биле вистинската потврда декатој е еден од 15те среќни добитници на наградна од 100.000 денари од првото коло на наградната игра Мој ДДВ - Моја награда. 

Инаку, Мартин обожава да патува за што говори и тоа што по професија е туристички водич. Добивката од 100 000 денари ќе ја искористи да го види преубавиот Кипар затоа што, како што ни кажа, тоа му е голема дамнешна желба. Мартин ја поздравува наградната игра и ќе продолжи понатаму да скенира фискални сметки, а ние му пожелуваме убав престој на Кипар.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: