6ка во Кавадарци

20.01.2020.

Стојанче Стојанов од Кавадарци е еден од тројцата добитници на 6 погодоци од 4 коло на Лото 7 чија вредност изнесува 94 042 денари.

Добитникот за себе вели дека не игра Лото толку често за разлика од неговиот татко кој не пропушта ниту едно коло без да уплати неколку комбинации со неговите среќни броеви.

И овојпат, по иницијатива на неговиот татко, Стојанче уплатил Quick Pick 10 комбинации. Стојанче прв пат е добитник на било каква добивка во животот па сега откако му се врати вербата во среќата ни кажа дека ќе уплаќа Лото почесто, а добивката ќе ја искористи за мало реновирање во домот.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: