12.03.2020.
Скенирана фискална сметка од 15 денари го збогати Иван за 100 000 денари. Скенира од второто тромесечје на наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда, а ангажирано е целото семејство.
Иван не бил во можност да го следи извлекувањето, а за убавата вест го известиле неговите пријатели. Среќниот добитник се подготвува да заплови во брачните води за 2 месеци, па поради тоа вели дека добивката од 100 000 денари оди во вистински раце.