Добивка од 100 000 денари во рацете на Катерина Апостоловска

07.04.2020.

Апостоловска Катерина од Гевгелија е следната добитничка на 100.000 денари од 4-то коло на наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда, кое се одржа на 4 април. Таа почнала да скенира сметки од февруари, иако воопшто не верувала дека токму нејзината сметка ќе биде извлечена. Дојде пресреќна бидејќи наградата се паднала во прав момент, кога тие завршуваат со доградба на нивната семејна куќа, па ќе ги искористат средствата за доградба на кровот, или како што вели таа шлагот на среќата. Катерина ќе продолжи да скенира, направете го тоа и Вие бидејќи можеби вашето следно пазарување ќе ви донесе една од главните месечни или дневни парични награди.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: