21.07.2020.
Млад, успешен дипломиран економист, од Скопје, на возраст од 36 години е онлајн играчот со досега најголема освоена добивка на Лото 7 од онлајн игра.
Денот на извлекување на колото 57 - 20 јули, е негов среќен датум на кој решил да уплати вкупно 6 600 денари за игра со полн систем од 11 броеви. Сите 11 броеви му се важни датуми.
Нашиот Лото 7 добитник, сподели со нас дека започнал да игра лото од кога ја овозможивме онлајн уплатата. Играл поретко, но со почетокот на пандемијата зачестил со играњето и токму на среќниот ден решил да одигра полн систем со 11 броеви, што му донесе дури пет 6-ки. Секоја од 6-ките вредеше по 126.095 денари, па неговата вкупна добивка е 630.476,80 денари.
Средствата веќе ги доби на сметка на својот кориснички профил.
Иако е еден од поновите лото играчи, вели дека Лото играта е интересна можност да се дојде до добивка, но секако потребна е среќа. Во неговиот случај тој уплатата ја извршил на еден за него многу среќен датум, а потоа одиграл полн систем со 11 среќни датуми. Средствата ќе ги намени за семејни потреби.
Онлајн играта, вели, има многу предности, една од нив е што средствата од добивката ви легнуваат на корисничка сметка и може да си побарате онлајн да ви се префрлат дел на трансакциска, дел да си останат за следни игри. Играта е интересна, не мора секогаш да се уплаќаат поголеми суми, но добро е понекогаш да се одигра полн или скратен систем и човек да си ја проба среќата.
Во коло 57 имавме вкупно седум 6-ки од кои 5 освои полниот систем со 11 броеви уплатени онлајн.Онлајн играњето е сè поприфатено заради бројните предности, посебно во време на кобид -19.
Честитајќи му на добитникот , потсетуваме на предностите за онлајн учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, како и на актуелната кампања „300 + 100“.
Повеќе информации на нашите социјални медиуми, на броевите на Контакт центарот 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052 и на www.loto.mk