ЛОТО 7 донесе 6-ка вредна над милион денари

27.07.2020.

Чекајќи ја 7-ката вредна 30 000 000 денари, се радуваме на големи 6-ки

Скопје, 27.7.2020 год. - Лото 7, во период од два месеца - од коло 43/2020, од кога е исполнет и замрзнат фондот за првата категорија добивки со 7 погодоци во износ од 30 000 000 денари, донесе 74  богати добивки со шест погодоци. Најголемата од 6-ките е постигната токму во последното одиграно 59. коло и вреди над еден милион денари -  1 121 472 денари.  Во ова коло имавме и црвено топче, што го удвои фондот за  за категорија со шест погодоци, на што се додаде и фондот од замрзнатата седумка.  

Висината на единечната добивка со 6 погодоци, зависи од уплатата и од бројот на постигнати добивки од истата категорија добивки. Добитниците на добивки со 6 погодоци од  моментот на замрзнување на фондот на 7-ката, имаат многу повеќе причини за радост.

По замрзнување на фондот со 7 погодоци на 30 000 000 денари, на фондот за добивки со шест погодоци што изнесува 25% се додава и фондот за добивки со 7 погодоци што изнесува 40%, со што значително се зголемени добивките со 6 погодоци (двојно/тројно). Како за илустрација, во 48. коло, поединечната добивка со шест погодоци изнесуваше 485 550  денари, а во 49. коло, кога немаше добивка со 6 погодоци,, поединечната добивка со пет погодоци изнесуваше рекордни 15 856 денари.  

Во коло 57/2020 година, онлајн играч со игра со полн систем освои пет 6-ки, а во последното 58/2020 коло, играч којшто уплатил полн систем од 8 броеви во продажното место АСУРА ПЛУС во Ѓорче Петров, доби две шестки (и шест петки), или вкупна добивка од 582 499 денари.

Во овој период постигнати се вкупно 74 шестки и тоа во Битола, Гевгелија, Скопје, Струга, Струмица, Охрид, Гостивар, Валандово, Тетово, Куманово, Кавадарци, Штип, Берово, Крива Паланка и 11 шестки се уплатени ОНЛИНЕ,преку веб страната на Државна Лотарија www.loto.mk

Со ова се потврди компаниската одлука за замрзнување на фондот на 7-ката, на висина од 30.000.000 денари. Ваквиот концепт на играта креирана од стручните лица за игри на среќа при Државна лотарија, е врз основа на неколкугодишни анализи и согледувања, е со цел задржување на интересот за играта и задоволството на играчите со зголемување на износите на категориите добивки со 6 и 5 погодоци во колата кога нема постигнато добивка со 7 погодоци.

Добивката со 7 погодоци може да биде постигната секое одиграно коло и затоа не пропуштајте ја шансата во секое коло за 20 денари да уплатите барем една комбинација ЛОТО 7 во кое било продажно место на Државна лотарија или ОНЛИНЕ преку www.loto.mk. Ви препорачуваме во време на ковид-19, да ги користите предностите на онлајн играњето.

 

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: