ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на лица за членови на комисија за надзор над извлекувањето и за членови на комисија за потврдување на добивки од играта на среќа ЛОТО 7/37 и дополнителната игра ЏОКЕР

13.11.2020.

Заинтересираните кандидати, државјани на Република Северна Македонија, кои имаат завршено минимум средно образование и кои се високомотивирани да бидат ангажирани како членови на комисија за надзор над извлекувањето и членови на комисија за потврдување на добивките од играта на среќа ЛОТО 7/37 и дополнителната игра ЏОКЕР коишто ги приредува Акционерското друштво за приредување на игри на среќа во државна сопственост, Државната лотарија на Република Северна Македонија, согласно правилата на истоимените игри на среќа ЛОТО 7/37 и дополнителната игра ЏОКЕР, потребно е до Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, да достават пријава со следните податоци:

  • Име и презиме;
  • Адреса на живеење;
  • Телефон за контакт;
  • Е-маил адреса;

Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг за избор, ќе бидат контактирани за интервју.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вршење повремени работи.

 

Избраните кандидати во рок од 7 дена од денот на изборот ќе треба да достават:

- Уверение за државјанство;

- Потврда за казнена евиденција;

- Уверение за кривична евиденција.

 

Услови:

- Државјанин на Република Северна Македонија, неосудуван, завршено минимум средно образование.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават пријава на електронската адреса:  helpdesk@loto.mk со наслов за јавен повик за ангажирање на лица за членови на комисија за надзор над извлекувањето или членови на комисија за потврдување на добивките од игрите на среќа или по пошта на адреса: Државна лотарија, бул. Гоце Делчев бр.8,  Скопје, П. Фах 506, со назнака за јавен повик за ангажирање на лица за членови на комисија за надзор над извлекувањето или членови на комисија за потврдување на добивките од игрите на среќа.

Јавниот повик трае 7 дена од денот на објавувањето (не сметајќи го и денот на објавувањето).


Во јавниот повик немаат право да се пријават вработени лица на Друштвото, ангажирани лица од страна на Друштвото и нивните потесни семејства.

Ненавремената, неуредната и некомплетната документација нема да биде предмет на разгледување.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: