Билјана Целкоска од крушевското село Бучин е добитничка на 150.000 денари бонус од играта „Заврти ONLINE тркало“.

07.12.2021.

Среќната добитничка како специјална гостинка во 96 коло на Лото 7 имаше можност да го заврти тркалото на среќата и си замина со најголемата добивка од 150.000 денари.

Билјана се регистрирала на веб страната www.loto.mk пред почетокот на пандемијата и ги уплаќа своите среќни броеви секое коло. Овојпат, со намера да учествува во бонус играта „Заврти ЕКОСКУТЕР тркало“ регистрирала недобитни инстант лозови Еко скутер, но уплатила и една комбинација Лото за среќа.

Иако, Билјана беше извлечена по електронски пат за бонус играта „Играј online и заврти за Бонус“ и освои 150.000 денари, сепак со недобитните регистрирани инстант лозови си обезбеди и учество во првото извлекување за БМВ х1 кое ќе се случи на 8 јануари 2022 год.

Во следното 97 коло на Лото 7, ЕКОСКУТЕР тркалото ќе го заврти Тина Белобрадиќ од Скопје.

 

euforijaSlika
euforijaSlika2

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: