Од коло 99 гарантираниот фонд за 7-ка ќе се зголеми на 10 000 000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари.

16.11.2022.

Од коло 99 гарантираниот фонд за 7-ка ќе се зголеми на 10 000 000 денари,

една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари.

 Државна лотарија ги известува играчите на играта на среќа  Лото 7 дека со цел за побрзо полнење на фондот за добивката од прва категoрија и за зголемување на вредностите на добивките по сите категории, почнувајќи од уплатата за 99 коло

(10.12. 2022), една комбинација за учество во играта на среќа Лото 7 ќе е со вредност од 30 денари, колку што ќе изнесува и уплатата за еден Џокер број.

Со ова, гарантираниот фонд за 7-ка на Лото 7, наместо 7 000 000 денари, ќе изнесува 10 000 000 денари, а гарантираната премијата за Џокер со 6 погодици ќе се зголеми на 1 000 000 денари.

Цената на комбинација за учество во овој вид игра на среќа и понатаму останува најниска во регионот.
Фондотза 7-ка во моментов изнесува над 30 000 000 денари.Од октомври 2019, Државна лотарија овозможи учество во игрите на Среќа Лото 7 и Џокер со онлајн уплата, преку веб-страницата www.loto.mk.За потсетување, досега имаме вкупно 26 (дваесет и шест) постигнати 7-ки, со добитници низ различни градови ширум државата, а рекордната 7-ка е забележана во 2021 година со вредност од 41 163 771 денари. Играта Лото 7 е игра на среќа со најголема добивка во нашата земја, игра со еднакви шанси за сите учесници.

 

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: