Филип Танушевски од Скопје, нас.Карпош, го пронајде својот Дијамант вреден 300.000 денари

23.05.2023.

Денес, среќниот добитник ги посети просториите на Државна лотарија каде што ја потврдивме и исплативме добивката.

Филип вели дека игра само инстант лотарија, но не купува редовно. Овој пат среќата му се насмевнала со само еден купен инстант лоз од нашето среќно продажно место во Ист Гејт. Добитникот, возбуден и изненаден, вели дека сеуште нема идеја на што ќе ги потроши средствата од добивката, но сигурен е дека ќе остане верен на игрите на среќа на Државна лотарија.

Инстант лозот Дијамант ја брои седмата серија во продажба. За само 50 денари, можете и Вие да станете добитник на една од многуте парични добивки. Кој игра тој и добива.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: