Постигната добивка од 400 000 денари на инстант лозот „Фрути“

01.06.2023.

Ратка Стојановска од Крива паланка е добитничка на главната премија од инстант лозот „Фрути“ во износ од 400 000 денари.

На 24 мај на куќната слава Св. Кирил и Методиј, синот на Ратка, од Штип од продажното место ТОБАКО ТОБИ ТУ купил два инстант лоза - „Остров на скриеното богатство“ и „Фрути“. На инстант лозот „Остров на скриеното богатство“ освоиле 150 денари, а на „Фрути“ 50 денари коишто ги замениле за нов инстант лоз. Токму тој нов инстант лоз „Фрути“ им донел премија од 400 000 денари. Уште кога Ратка ги изгребала добитните броеви и го видела бројот 18, знаела дека тој број ќе им донесе добивка.

Ратка долги години ги следи игрите на среќа и учествува во нив, заедно со своето семејство. Порано добивале помали добивки, но ова е најголемата којашто ќе ја наменат за довршување на семејната куќа.

„Треба да се учествува“, вели Ратка, „Ете така, некогаш среќата ќе ти се насмевне“.

Да потсетиме, инстант лозот „Фрути“ нуди 15 премии по 400 000 денари, како и добивки од 50 000 денари, 30 000 денари, итн. Наменет е за да го освежи буџетот во летните денови на сите трагачи по забава, возбуда и добивки.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: