31.08.2023.
Фестифалот JOYFEST во Крива Паланка, поддржан од Државна лотарија донесе радост на паланчани и за добивки во игрите на среќа.
Првиот утро по Фестивалот, Христина Стојановска од Крива Паланка освои 1 000 000 денари на инстант лозот МАКСИ ЗЛАТНА РИПКА.
Среќната добитничка со своето семејство, денес дојде во просториите на Државна лотарија во Скопје, каде што беше потврдена добивката.
Христина е мајка на две деца , постојан играч на игрите на среќа на Државна лотарија, а особено на инстант лотаријата.
Трагајќи по добивки ,постојано купува различни инстант лозови , но среќата и се насмевнала купувајќи го својот омилен инстант лоз Макси Златна Рипка во продажното место "Теди Ан Рио"-Крива Паланка.
По откривањето на добитните броеви 08,26,и27, започнала да ги гребе и полињата со ТВОИ БРОЕВИ. Уште на првото поле се открил и добитниот број 27 , а под него добивката
МИЛИОН денари . Христина го уловила Милионот , а добивката денес ја потврди во просториите на Државна лотарија.
Порачува дека ќе продолжи да учествува во игрите на среќа на Државна лотарија , и да трага по уште поголеми добивки .
Среќно !!!