Најновата среќна приказна од Државна лотарија е на инстант лозот „7 х 7“ и Кристијан Павиќевиќ од Куманово.

30.10.2023.

Државна лотарија во најдинамичниот период од својот раст и развој, работејќи одговорно и посветено како компанија за народот, продолжува да ги радува играчите на игри на среќа и да ниже среќни приказни на бројни остварени добивки ширум нашата земја.

Кристијан е редовен играч на инстант лотарија и подолг период бил упорен во купувањето инстант лозови со премии автомобили, со надеж дека на еден од нив ќе открие три исти симболи. Една од неговите желби била токму тоа – да изгребе автомобил Hyindai Bayon.

Марјана заедно со тимот на Државна лотарија се сретнаа со Кристијан и неговото семејство на плоштадот во Куманово, пред продажното место „Павел Тобако“ од каде што е купен добитниот лоз. Таму ги предадовме клучевите, а Кристијан ни го опиша денот, како еден од најсреќни денови во неговиот живот. Кристијан е млад возач, со возачко од искуство 2 години, и посакувал нов автомобил, па затоа редовно купувал инстант лоз „7 х 7“. Најпрво, од продажното место Павел тобако заедно со неговата девојка купил 6 инстант лоза „7 х 7“ од кои 3 носеле добивка од по 80 денари, па ги заменил со нови 3 лоза.

Токму првиот лоз „7 х 7“, од трите нови , ги криел 3-те симболи на Hyindai Bayon што означуваат остварување на желбата на Кристијан – освојување на една од премиите.

Веднаш се јавил на другарите, на девојката и на мајка му, за да ја сподели радосната вест. Тие, отпрвин не му верувале, па пристигнале на продажното место за да се уверат во потврдата на добивката. Сите заедно, весело ни раскажуваа за првите мигови на радост и возбуда.

Кристијан им посака на сите да си ја пробаат среќата, и да веруваат во неа бидејќо кој игра тој и добива.

Ве потсетуваме дека остануваат уште неколку главни премии од инстант лозот „7 х 7“ коишто ги чекаат своите сопственици. Сè што треба да направите е да побарате „7 х 7“ во Вашето најблиско продажно место на Државна лотарија, а ние со нетрпение очекуваме да ја раскажеме и Вашата среќна приказна.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: