Пеце Милошески од Битола и Мишел Здравковиќ од Неготино се најновите сопственици на електрични мотори од инстант лозот Урбан стил

10.11.2023.

Возбудени и среќни, пристигнаа на продажното место на Државна лотарија во трговскиот центар Skopje City Mall каде што ги пречека Марјана да им ги предаде клучевите.

Ни раскажаа дека купиле повеќе инстант лозови, но воопшто не се надевале дека токму таму се кријат урбаните електрични мотори.

Пеце и Мишел за себе велат дека се љубители на игрите на среќа на Државна лотарија, а пораката што ја испратија гласи: Кој игра, тој и добива!

Ве потсетуваме, добитниците на премија електричен мотор ќе имаат безбеден и бесшумен превоз, нема да ја загадуваат околината, а своето превозно средство ќе го полнат со електрична енергија и тоа дома или каде било каде што го полнат и својот мобилен телефон.

Лозот чини 50 денари и наменет е за сите што го следат трендот и сакаат да го зачуваат своето здравје и здравјето на животната околина.Со оглед на популарната цена на лозот и големиот број премии, веруваме дека многу скоро ќе ги добиеме и првите среќни фотографии на сопственици на електрични мотори од инстант лозот УРБАН стил.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: