06.10.2023.
Државна лотарија продолжува со промотивните активности низ државата. Овој викенд го посетивме продажното место на Државна лотарија кое се наоѓа во срцето на Тетово.
Тетовчани во голем број го посетија промотивниот пулт на Урбан стил каде имаа можност да ги разгледаат електричните мотори кои ги нуди овој инстант лоз како главна добивка.
Воедно, се фотографираа со Марјана, Илариа и Дарко, уживаа во DJ сетот на DJ Фици и се информираа за начинот на игра, како и правилата на најновиот инстант лоз Урбан стил.
Сите заинтересирани ја искористија можноста да ги уплатат своите среќни Лото броеви, како и да ја предизвикаат среќата и да станат добитник на еден од 100те електрични мотори.