Доме сладок доме - серија 2

15.11.2023.

Во продажба е нова серија од инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ – инстант лоз на Државна лотарија што нуди 5 (пет) стана во Скопје и бројни парични добивки.

Вкупниот број на добивки е 666.365 а вкупниот фонд е над 100 милиони денари. Покрај 5-те стана, лозот нуди над 600.000 парични добивки меѓу кои 20 добивки по 100 000 денари, 40 добивки по 50 000 денари и други добивки од 5 000 до 100 денари.

Инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ по цена од 100 денари нуди можност за освојување на еден од 5-те стана од коишто еден е  со големина од 32 м2, еден од 46м2 , два стана  од по 55м2  и најголемиот е 64м2 . Становите се во Скопје, во општина Аеродром во нов станбен објект .

Лозот е со атрактивен изглед и забавна игра што те внесува во потрага по еден од 3-те добитни броеви меѓу 15 (твои) броеви во групното поле за игра.

Пет од играчите коишто во едно од 15-те полиња ќе изгребат добитен број што ги води кон стан, ќе добијат комплетна документација и ќе може да се вселат во својот нов дом добиен за само 100 денари.

Инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ е идеален и за подарок. Со дарување на три лоза во Среќа плус коверт, можете некому да подарите стан.

Стан за 100 денари - да и тоа е можно, со Државна лотарија.

 

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: