Во најубавиот месец во годината, Државна лотарија Ви претставува уште еден среќен добитник на кој му ја разубавивме годинава што изминува

15.12.2023.

Тимот на Државна лотарија заедно со Марјана го посетија градот на јаболката- Ресен каде што се сретнаа со новиот добитник на Hyundai Tucson - Ристо Георгиески и неговото семејство.

Марјана ги предаде клучевите од прекрасниот автомобил пред продажното место „СИМ Комерц“ од каде што е купен добитниот инстант лоз 7х7, а Ристо за возврат ни ја раскажа среќната приказна.

Имено, Ристо купил само еден инстант лоз во кој се криела помала добивка, а ја заменил за нов лоз 7х7.

Неколку дена подоцна, на 13ти ноември, иако Ристо верувал дека бројот 13 за него е баксузен, среќата го разубеди во спротивното, стана сопственик на Hyundai Tucson.

Прв на кој се јавил за среќната вест е неговиот зет, кој вели дека очекувал Ристо да стане добитник на некоја од главните премии со оглед на тоа дека е љубител на игрите на среќа на Државна лотарија и постојано ја предизвикувал среќата.

„Токму континуитетот во потрага по среќата е и тајната на успехот “ - ги посоветува упорниот добитник сите трагачи по среќата.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: