Со задоволство ги претставуваме најновите добитници на Hyundai Tucson од инстант лозот 7 Х 7, семејство Лутовски од Битола.

18.04.2024.

Со задоволство ги претставуваме најновите добитници на Hyundai Tucson од инстант лозот 7 Х 7, семејство Лутовски од Битола.

Тимот на Државна лотарија се сретна со добитниците на главната премија во авто салонот „Гранд Ауто“ каде што ги предадовме клучевите од прекрасниот авомобил, а Марјана имаше можност да разговара со Влатко Лутовски и неговата ќерка Андријана кои видно возбудени ни ја раскажаа среќната приказна.

Имено, Влатко купил неколку инстант лоза 7 х 7. Ги изгребал дома, а радосната вест ја соопштил на неговата сопруга, но се договориле премијата да ја држат во тајност од неговите ќерки се до денот на доделувањето.

Еден од поубавите моменти беше кога ја пречекавме Андријана во авто салонот и сфати дека нејзините родители не ја довеле да купат автомобил, туку дека нејзиниот нов автомобил Hyundai Tucson е всушност главната премија на инстант лозот 7 х 7. Збунета и среќна ни раскажа дека долго време инсистирала да се поднови семејството со нов автомобил, но да биде „поголем и комфорен“, мислела дека конечно ја послушале и ќе и ја остварат желбата, но среќата се насмевнала кога најмалку очекувале.

Влатко е долгогодишен играч на игрите на среќа на Државна лотарија, а претходно има остварено помали добивки. Едногласно се согласија дека отсега ќе играат Доме, сладок доме за нов стан во Скопје.

Ги испративме со новиот автомобил за Битола, со желби за многу поминати километри, а семејство Луковски порачаа на сите играчи да не се откажуваат, затоа што среќата е насекаде.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: