Нова серија на инстант лозот „ФРУТИ“

20.12.2024.

Државна лотарија ја збогати палетата на инстант лотарија со нова, трета серија на инстант лозот „ФРУТИ“, којшто нуди освежителна забава, 10 премии од по 400 000 денари и многу други парични добивки. Играта е позната, едноставна и брза. Сè што треба да се направи е да се изгребат 5-те полиња со „фрути броеви“ и 20-те полиња со „твои броеви“, а потоа да се пронајде барем еден пар истоветни броеви. Кога еден „твој број“ ќе е ист како некој „фрути број“, се освојува добивката што ти ја носи „твојот број“. Во полињата „твои броеви“, може да се открие и дополнителна можност, доколку се пронајдете симбол „2Х“ или „5Х“, со што ќе се помножи добивката назначена под „твој број“. Третата серија на инстант лозот „ФРУТИ“ нуди 10 главни премии по 400 000 денари, како и добивки од 50 000 денари, 30 000 денари, итн. Не пропуштајте да го побарате овошниот инстант лоз – „ФРУТИ“ на Државна лотарија. Инстант лозот „ФРУТИ“ е веќе на продажни места на Државна лотарија ширум Републиката.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: