05.05.2025.
ПРВАТА СРЕЌНА ПРИКАЗНА ВРЕДНА 700 000 ДЕНАРИ СО ИНСТАНТ ЛОЗОТ „КАЛИНКА”
Радосни сме да ја споделиме веста за првата освоена премија од 700 000 денари од инстант лозот „Калинка”.
Среќната добитничка, пензионерка од Скопје, ја запознавме во просториите на Државна лотарија. Таа ни ја раскажа приказната за тоа како среќниот лоз стигнал во нејзините раце, но не се согласи за јавно објавување на нејзините лични податоци.
„Калинката” која и ја донесе оваа голема добивка, ѝ ја купил нејзиниот син, кој ни кажа дека постојано и подарува шанса за среќа на својата мајка со инстант лотаријата на Државна лотарија, како и дека редовно уплаќаат Лото 7.
Таа исто така сподели со нас дека оваа добивка пристигнала во вистинското време, како подарок за нејзиниот претстоен 74-ти роденден, на 7-ми мај.
Добитниот инстант лоз е купен од продажното место „Толлакс” во Општина Кисела Вода.
Ние ѝ ја честитаме оваа добивка, и со нетрпение очекуваме да ве известиме за следната среќна приказна.