13.06.2025.
Вања освои стан во Скопје со инстант лозот ДОМЕ СЛАДОК ДОМЕ
Вања Трнинкова (34) од Штип, е среќната добитничка на стан во Скопје од втората серија на инстант лозот „Доме сладок доме” на Државна лотарија.
Таа сподели со нас дека редовно ја предизвикува среќата со инстант лозовите на Државна лотарија, а понекогаш им дава шанса и на нејзините среќни броеви во Лото 7.
Упорната потрага по среќата на Вања и донесе стан од 55м2, во вредност од 6 288 275 денари.
За Вања оваа голема добивка била неочекувана а таа ни кажа дека нејзините блиски сега се чувствуваат уште помотивирани да ја „гребнат” својата шанса за среќа.
Добитниот инстант лоз е купен oд продaжното место „Тобако То Би Ту” во Штип.
Со нетрпение очекуваме да ја споделиме со вас следната среќна добивка.
Среќата е насекаде со Државна лотарија!