Државна лотарија ја поддржа организацијата на фестивалот „Видик“

07.04.2025.

Како покровител, Државна лотарија се појави и на второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, кој се одржа месецов со дури 15 уникатни настани. Фестивалот „Видик“ е спој на литература, музика, театар, дизајн и филм, со хуманитарен карактер, носејќи свеж културен дух и нови перспективи за публиката.

Средствата собрани од продажбата на билети за музичките и театарските настани беа донирани за семејствата настрадани во несреќата во Кочани, што му даде дополнителна вредност и општествено значење на фестивалот.

Со оваа поддршка, Државна лотарија уште еднаш ја потврди својата посветеност на културата, уметноста и општествената одговорност. Нашата мисија е да бидеме активен партнер во иницијативи кои имаат културно и хуманитарно влијание врз заедницата.

 

euforijaSlika
euforijaSlika2

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: