29.10.2025.
Со задоволство ви ја претставуваме нашата нова акција во дух на слоганот СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ, во соработка со Алфа ТВ.
ТВ проектот „Фактор среќа“ преку ТВ емисии и сегменти од постоечки емисии е со цел да нѐ инспирира да споделуваме размислувања за среќата во сите нејзини форми, преку теми од секојдневието, во контакт со соговорници на терен и во контакт со гледачите, како и со гости во студио. На фреквенцијата на Алфа ТВ - секој понеделник со Сузана Турунџиева, секоја среда со Искра Канзурова и секоја сабота со Ирена Спировска - ќе се зборува за среќата.
Државна лотарија преку ТВ проектот „Фактор среќа“ има за цел да поттикнува размислувања за среќата, споделување среќни спомени и чувства, да потсетува на потребата од заемна поддршка на општествено корисни цели и на одговорно учество во игри на среќа за граѓаните над 18 години. На 20 октомври на Алфа ТВ веќе се емитуваше сегментот „Фактор среќа“, во рамки на утринската програма „Добро утро секое утро“, со Сузана Турунџиева - сегмент кој внесува доза среќа и оптимизам во вашиот ден.
Почнувајќи од 22 октомври, секоја среда во 15:00 часот со „Фактор среќа“ и со Искра Канзурова ќе запознаваме интересни луѓе и ќе се движиме низ интересни места, а потоа во студискиот дел гледачите можат да ги споделат своите среќни приказни, но и да добијат подарок.
Секоја сабота во „Фактор среќа“, водителката Ирена Спировска од 18:10 часот на тема среќа ќе зборува со инспиративни гости и ќе дознаваме што е за нив фактор среќа.
Секој ден носи нова можност за среќа - пронајдете ја со „Фактор среќа“.