17.11.2025.
Со триумфот на скопскиот ФМ Александар Кралевски на третиот и последен турнир во класичен шах,успешно заврши ветеранскиот шаховски фестивал „Незаборав за хероите 1941–1944“. Натпреварите беа реализирани во врвна организација на ШКВ Скопје 72,а седумте кола, со учество на 20 шахисти над 60 години,се одиграа во просториите на ШК Алкалоид.
Фестивалот донесе одлична шаховска атмосфера, динамични партии и неизвесност до последниот потег, овозможувајќи им на љубителите на шахот да уживаат во три турнири. ШКВ Скопје 72 уште еднаш покажа дека и во ветеранските категории можат да се реализираат настани на високо ниво, кои бараат значителна посветеност, труд и голема љубов кон играта.
Државна лотарија како спонзор на фестивалот и натаму останува посветена на поддршка на иницијативи што го негуваат духот на заедништвото, искуството и спортските вредности.