„Сонот на едно дете“ – инклузивна танцова претстава поддржана од Државна лотарија

12.12.2025.

Државна лотарија како општествено одговорна компанија ја поддржа шестата по ред инклузивна танцова претстава „Сонот на едно дете“  во  продукција на танцовото студио „Еурека“.

Во времетраење од 80 минути, на сцената на Национална опера и балет настапија околу 300 танчери со оригинални кореографии на „Еурека“. Во претставата беа прикажани три животни фази – детето, тинејџерот и возрасниот – поврзани преку растењето, учењето и прифаќањето. Танчерите  пренесоа моќна порака за детскиот сон за свет без предрасуди, свет во кој што сите се еднакви, а различностите не разделуваат туку обединуваат.

Поддршката на вакви инклузивни проекти е дел од мисијата на Државна лотарија да промовира еднакви можности и заедништво. Настани како „Сонот на едно дете“ потсетуваат дека кога го славиме талентот и различностите, создаваме општество во кое секој може слободно да твори и да сонува, а инклузијата се истакнува како клучен двигател за позитивни промени.

euforijaSlika
euforijaSlika2

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: