Држвна лотарија со поддршка на уметноста – концерт на Ана и Игор Дурловски

24.12.2025.

Државна лотарија го поддржа концертот на оперските пеачи Ана и Игор Дурловски, кој се одржа две вечери по ред во Националната опера и балет.

Во придружба на симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригенство на Ана Спасовска, виртуозно беа изведени љубовни песни од македонската музичка традиција, во нови аранжмани од композиторот Сони Петровски. Овој концерт ги одбележа јубилејните 25 години од нивната музичка дејност.

Преку поддршка на настани од културата, Државна лотарија ја потврдува својата општествена одговорност и посветеност кон зачувување на културните вредности и збогатување на општествениот живот во заедницата.

 

euforijaSlika
euforijaSlika2

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: