26.12.2025.
Државна лотарија го поддржа новогодишниот концерт на македонскиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, кој се одржа пред многубројната публика во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
На сцената му се придружија Сашо Татарчевски, oркестарот на Националната опера и балет, членови на Македонската филхармонија, ансамблот „Македонисимо“ и други гости . Со овој концерт тој прослави 25 години успешна кариера на домашната и светската музичка сцена, и уште еднаш ја потврди својата улога како еден од најзначајните амбасадори на македонската култура во светот.
Државна лотарија континуирано вложува во поддршка на културата, со што придонесува кон збогатување на културната сцена и афирмација на уметничките вредности.