12.01.2026.
Среќна добитничка од Македонска Каменица ја освои премијата од 700 000 денари, од инстант лозот „Калинка“ на Државна лотарија.
Иако не се согласи за јавно објавување на своите податоци, добитничката ни кажа дека е љубител на инстант лотаријата, како и дека често игра Лото и Џокер. Таа го „изгребала“ добитниот инстант лоз во пресрет на својот роденден, а оваа добивка за неа пристигнала како прекрасно роденденско изненадување.
Среќниот инстант лоз е купен од продажното место АСТРО ДООЕЛ во Македонска Каменица.