Двојна добивка за Венчеслав Димовски од Велес

12.01.2026.

Венчеслав Димовски од Велес, освои добивка со 6 погодоци во 3. коло од играта на среќа Лото 7, во вредност од 146.352 денари и 10 000 денари од инстант лозот „Златна треска“ на Државна лотарија.

На инстант лозот „Златна треска“, за него биле добитни сите три игри – Златна десетка, Златна плочка и бонус играта.

Среќниот добитник ни кажа дека често ги игра игрите на среќа Лото 7 и Џокер и дека секогаш уплаќа повеќе комбинации. Тој вели дека редовно ја предизвикува среќата и со инстант лотаријата на Државна лотарија, а најчесто ги купува инстант лозовите „Златна треска“ и „Маски златна рипка“. Венчеслав досега освоил повеќе добивки од инстант лотаријата, меѓу кои и 50 000 денари од инстант лозот „Дијамант“.

Венчеслав вели дека има верба во сопствената среќа и се надева дека ќе стане добитник на седумка од Лото 7.

Добитното лото ливче е уплатено во продажното место Лото 77 во Велес.

 

euforijaSlika
euforijaSlika2

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: