18.02.2026.
Државна лотарија го поддржа концертот на Владо Јаневски и Бајага и Иструктори, кој се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Многубројната публика од различни генерации имаше можност да ужива во повеќечасовен музички спектакл исполнет со емоции, енергија и одлична атмосфера. Присутните се потсетија на безвременските хитови што ги обележаа изминатите децении и беа дел од незаборавно концертно доживување.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, континуирано ја поддржува културата и уметноста во земјата, со што активно учествува во развојот на современа и просперитетна културна сцена.