03.06.2026.
Државна лотарија го поддржа настанот „Family day“ – Football edition, во организација на здружението „Посветен викенд“.
Оваа целодневна дружба за сите генерации, се одржа во паркот „Фредерик Шопен“ во Општина Кисела Вода. Програмата вклучуваше музичка програма и DJ сетови, детска зона со активности, спортски игри, зона за храна и пијалоци, промотивни штандови и голем видео екран за следење фудбал. Денот беше исполнет со забава, спорт, музика и позитивна енергија.
Државна лотарија продолжува да ја гради својата репутација како доверлив партнер на општествениот развој, придонесувајќи за збогатување на содржините во заедницата.