24.07.2026.
Николина Здравева од Неготино е среќна добитничка на премијата од инстант лозот „Урбан стил“ – електричен мотор.
Николина е долгогодишен играч на Лото и Џокер, а ни кажа и дека често си ја пробува среќата со инстант лозовите на Државна лотарија. Добитничката ја сподели со нас приказната за оваа добивка – таа купила два инстант лоза „Урбан стил“, а едниот од нив содржел добивка од 50 денари, колку што е и цената на овој инстант лоз. Истиот ден, таа го заменила добитниот лоз за нов лоз „Урбан стил“, кој и донел премијата.
Среќниот инстант лоз е купен од продажното место „Корзо“ во Неготино.